Меѓуетничка интеграција

Дисеминација на обуки за меѓуетничка интеграција во

 СОТУ„Ѓорѓи Наумов“-Битола

 

     Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), проект на УСАИД во Македонија, што го спроведува Македонскиот центар за ѓраѓанско образование и Центарот за човекови права и разрешување конфликти, како партнер организација на УСАИД, кој се реализира за четирите пилот општини, Струмица, Тетово, Битола и Бутел, нашето училиште беше дел од обуките кои се предвидени преку овој проект.

     На училишно ниво, наставниците од СОТУ „Ѓорѓи Наумов„-Битола отпочнаа со дисеминација на обуките за воведување на концептот меѓуетничка интеграција во образованието во период од 17 до 18.01.2013 год.

     Обуките беа спроведени од страна на училишни обучувачи кои претходно учествуваа на обуки и други консултативни состаноци за да се стекнат со компетенции за успешно пренесување на содржините за меѓуетничка интеграција на колегите во своето училиште. Присутните беа поделени во две групи и работеа два дена со четири  обучувачи: професор Цветанка Митревска, професор Гордана Танеска, професор Виолета Николова и психолог Дејан Патрногиќ.

     Во текот на обуките училишните обучувачи имаа стручна поддршка од мастер обучувачот/ментор Мирослав Стојанов. Позитивниот дух и мотивираноста на обучувачите овозможија дисеминацијата да протече во најдобар ред, а со тоа се направија првите чекори за отпочнување со активностите од проектот во училиштето.

 

Самостојни воннаставни активности

 

     Целта на активноста беше изработка на електронско кариерно портфолио со кое учениците учествуваа на натпреварот „ Најдобро електронско кариерно портфолио“ на Образовното Рандеву на 20.04.2013г.во Тетово. Со оваа активност кај учениците се поттикна желбата за заедничка соработка,  помагање, разбирање и унапредување на заедничкиот живот. Во заедничките подготовки работеа ученици Македонци и Албанци: Дарко Стојчевски, Џемил Исмаили, Зоран Алтипармаков и Есат Јусуфи.

     Ученикот Зоран Алтипармаков освои прво место http://zocxdesign.com/  , а Дарко Стојчевски -второ место.

 

Меѓусебни посети на партнер училиштетата

 ,,Моша Пијаде“ од Тетово и СОТУ„Ѓорѓи Наумов“-Битола

 

     Претставници од партнерското училиште СОУ „Моша Пијаде“ од Тетово на 21.05.2013 година беа во посета на нашето училиште. При тоа се реализираа повеќе активности во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието

 
 

     На 24.12.2013 г., во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција ( ПМИО), нашето училиште беше во посета на партнер училиштетото ,,Моша Пијаде“ од Тетово. Ученици од I, III, и IV година, заедно со одговорните наставници: Александра Стојковска; Никола Сотировски, Пеце Бојовски ги реализираа предвидените заеднички активности. По пристигнувањето се разгледуваа работните простории во училиштето – домаќин. Следуваше мултикултурна работилница во која учествуваа учениците од двете училишта. Потоа се одржа спортски натпревар во мал фудбал (со екипи во мешан состав) и ликовна работилница на тема : Старoградска архитектура. По завршувањето на активностите следуваше прошетка низ градот и посета на неколку локации и објекти: Два бреста, Шарена џамија, Црквата Св. Кирил и Методиј и Манастирот во Лешок. Средбата помина во многу пријатна атмосфера и меѓусебно дружење, со договор за идни посети и понатамошна соработка.

Список на ученици (проект ПМИО, заеднички активности),
СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов“ – Битола

Ликовна работилница:

1. Маја Радичевиќ I-6
2. Јована Марковска I-4
3. Горјана Калевска I-4
4. Стефан Богдановски III-2
5. Игор Младеновиќ III-1

Одговорен наставник: Александра Стојковска

Спорт:

1. Иван Бабамовски III-3
2. Филип Мицковски III-5
3. Никола Бакрачевски IV-4
4. Филип Марковски IV-4
5. Димитар Наковски IV-4
6. Антонио Котевски IV-4
7. Никола Костадиновски IV-6
8. Мартин Коцев IV-6

Одговорен наставници: Никола Сотировски, Пеце Бојовски
 
 

Тимот за меѓуетничка интеграција

во образованието од СОТУ„Ѓорѓи Наумов“-Битола