Зголемување на ефикасноста на 3Д печатењето

Нашето училиште освои III место во категорија на средни училишта на повикот од ,Предизвик за млади истражувачи 3″ и беше добитник на 200000  денари. На 20.04.2022 год. нашите ученици го презентираа проектот ,,Зголемување на ефикасноста на 3Д печатењето” пред комисија од ФИТР и ја докажаа хипотезата која ја претпоставија на самиот почеток што може да се види на следното видео.


 

Благодарност до учениците Бобан Бошевски, Ева Ацевска, Михаил Јанакиевски, Виктор Стојчески, Христијан Николовски, Боби Софронијоски, Тамара Делева и другите кои помогнаа во одредени фази на реализација на самиот проект!!!