Во училиштето повеќе години веќе функционира и ИТ Секцијата. Основната задача на членовите од оваа секција, покрај другите активности е ажурирање на WEB страната на училиштето, во која е вклучено и ЕУЧИЛИШТЕ (on-line базирано учење), изработка на мултимедијални туторијали за наставниците и учениците за користење на E-Learning, средување на некои кабинети со компјутерска опрема, а планирана е изработка и на други on-line мултимедијални курсеви. Последните години учениците од ИТ секцијата учествуваат во натпреварот за Предизвик за млади истражувачи и истражувачки организирани од ФИТР, како и со ученички компании во организација на Junior Achivment Macedonia. Благодарени на добиената опрема за 3Д принтање од Фондот за иновации и технолошки развој, членовите на секцијата учествуваат и во проектни активности за 3Д моделирање и принтање на модели.