Компјутерска графика, мултимедиа, дизајн и фотографија

            Следејќи ги интересите на учениците како и на современите трендови, од пред неколку години се јави потреба од формирање на ваква секција во училиштето.

            Учениците со работата во оваа секција ја зголемуваат својата лична креативост и ги прошируваат своите знаења на полето на компјутерската графика, дизајн фотографијата  и мултимедиата воопшто. Резултатите од нивната работа во секцијата се материјализираат во облик на материјал кој освен што ги покажува резултатите од нивната работа, туку и се користи како промотивен материјал за самото училиште. Исто така во зависност од квалитетот на постигнатите резултати можно е да се нудат услуги и на надворешни клиенти на ова поле.

            Секцијата е од отворен тип и во неа може да се зачленат сите заинтересирани ученици како и професори кои сакаат да работат со учениците на ова поле.

                                                                        Одговорен наставник: Петар Бошковски