Во ПСК “Ѓорѓи Наумов” членуваат голем број сегашни и поранешни колеги и ученици од СОТУ “Ѓорѓи Наумов”. Клубот организира повеќе планинарски тури во земјата и странство во текот на годината и соработува со останатите планинарски клубови од нашата држава. Носители на работата на клубот се поранешниот професор по спорт и спортски активности Томе Лозановски и професор Влатко Грозадановски.
Во надлежност на клубот е и стопанисувањето со планинарскиот дом „Неолица“ каде во изминатиот период се изведени многу активности во насока на реновирање на објектот и инвентарот.
Во продолжение се дадени слики од обнoвувањето на планинарскиот дом “Неолица”, како една од многуте активности.