Капацитети

Средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола е средно стручно училиште верифицирано за повеќе образовни профили од машинската и електротехничката струка. Лоцирано е  на улица „Михајло Андоновски” бр. 1 и се простира на вкупна површина од 7229 м2. Во овој простор сместени се училници, кабинети, лаборатории, работилници и спортска сала. Училиштето располага со паркинг, зелена површина, отворени игралишта за кошарка,  мал фудбал и ракомет. Објектот е наменски граден и пуштен во употреба 1986 год. Во учебната 2021/2022 година во училиштето се ангажирани 51 наставници на неопределено работно време, 11 наставници на определено работно време и 2 наставници од други училишта. Како административен и технички персонал се вработени 23 лица.