Редовни

РЕДОВНИ УЧЕНИЦИ

Во училиштето во учебната 2021/2022 година се образуваат 826 редовни ученици, распоредени во 36 паралелки од кои 23 паралелки се од електротехничка струка, а 13 се од машинска струка. Во прва година учат 232 редовни ученици, во втора година 205, во трета година 194 и во четврта година учат 195 ученици.

ОБРАЗОВЕН ИЗЛЕЗ

Со постојните наставни планови и програми во учебната 2020/2021 година  редовните ученици се образуваат во следните образовни профили:

ЧЕТИРИГОДИШНО ТРАЕЊЕ ТРИГОДИШНО ТРАЕЊЕ
  • Машински техничар
  • Техничар за компјутерско управување
  • Автотехничар-мехатроничар (Машински техничар за моторни возила)
  • Машинско енергетски техничар
  • Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
  • Електротехничар за електроника и телекомуникации
  • Електротехничар енергетичар
  • Техничар за индустриска мехатроника
  • Заварувач

ОБРАЗОВЕН ВЛЕЗ

Во Училиштето можат да се запишат и да се образуваат редовни ученици со завршено основно образование, според конкурсот за упис на Министерството  за  образование и наука.

ОБРАЗОВНА ПРООДНОСТ

– Хоризонтална проодност

Во Училиштето, тековно можат да се запишат и ученици кои претходната година ја завршиле во друга струка или во гимназија, со полагање на диференцијални испити што се карактеристични за образовниот профил кој го одбрале. Редовните ученици, со полагање на диференцијални испити, можат  да го променат образовниот профил и да го продолжат образованието во нашето училиште.

За ваквата проодност одлука донесуваат стручните органи и тела на Училиштето, а директорот на училиштето донесува решение.

– Вертикална проодност

Учениците што се запишани во образовните профили со четиригодишно траење на образованието, по завршувањето на последната година на образованието, полагаат државна матура или завршен испит. Положената државна матура е услов за запишување на факултет, а  училиштето претставува одлична основа за студирање на сите технички факултети.

Учениците кои се запишани во образовен профил од тригодишно образование, можат да го продолжат образованието во соодветен образовен профил од четиригодишно образование со полагање на диференцијални испити.