Машинска

Машинската струка нуди образование од областа на машинството и програмирањето на нумерички управувани машини.

Практичната настава за машинската струка за тригодишното и четиригодишното образование се реализира во машинските работилници на училиштето, а за образовниот профил автотехничар – мехатроничар во трета и четврта година во целост во сервиси и работилници. За дел од наставните содржини кои не е можно да се реализираат во работилницата, планирани се посети на работни организациии во кои учениците можат поблиску да се запознаат со работните процеси.

Така, за оваа учебна година е предвидено одржување на часови по практична настава во компанијата Монтинг инженеринг, ФОД Битола, Универзал Ѕиу и други.

Во училиштето практична настава за образовниот профил техничар за компјутерско управување се изведува во кабинетот за НУМА во кој се реализира и настава по предметот Автоматско управување и програмирање.