ЕМИС и ХРМ

ЕМИС и ХРМ се клучни компоненти за комплетно електронско раководење со процесот на образование, учениците, училиштата и вработените во училиштата.

ЕМИС и ХРМ се две апликации за образованието врз кои се базираат сите понатамошни апликации во оваа област, како што е Е-Дневник. Преку овие две апликации се води комплетна евиденција и распределба на сите ученици во училиштата, нивни податоци, преглед и ажурирање на нивните школски активности, оцени и успех, преглед на книги кои ученикот ги подигнал или ги вратил и преглед на нивната училишна историја, како и евиденција на сите наставници и професори кои предаваат во училиштето од страна на Министерството за Образование и Наука.

Системот ЕМИС е проектиран од со цел да се овозможи навремено и доследно прибирање сеопфатни и точни податоци кои ќе го поддржат процесот на донесување одлуки, имплементирање на образовната политика и планирање на образовните реформи.

ЕМИС се имплементира во рамки на компонентата за децентрализација на образованието на проектот за модернизација на образованието, финансиран со заем од Светска банка и грант на Кралството Холандија, а чини околу 72 милиони денари.

Администратор на ЕМИС: Ацевски Илче                                  Администратор на ХРМ: Кочовска Љубица