Основен критериум за запишување на редовните ученици во училиштето е завршено основно училиште со одреден број на поени во зависност од успехот и поведението на ученикот. Бројот на поени зависи од изборот на образовниот профил и занимањето за тригодишно и четиригодишно образование. Тие поени ги одредува Министерството за образование и наука, следејќи ја општата политика на образованието, пазарната политика и интересот спрема конкретните образовни профили во определен временски период.
Потребни документи за запишување во прва година:
- Пријава за запишување и истата е бесплатна
- Оригинални свидетелства од шесто до деветто одд.
- Извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот)
- Дипломи од државни и меѓународни натпревари
- Потврда за вакцинален статус