Матуранти

Државна матура

Државната матура е наменета за учениците од гимназиското и од четиригодишното средно стручно образование. Покрај тоа што претставува завршен дел на средното образование има за цел да послужи и за селекција на кандидатите за запишување на високото образование.

Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за државна матура.

Државната матура опфаќа: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача.

Завршен испит

Овој испит е наменет за учениците од четиригодишното средно стручно образование кои нема да полагаат државна матура. Целта на овој испит е добивање на сертификат за завршено четиригодишно средно стручно образование.

Завршниот испит се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети.

Завршниот испит опфаќа: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача.

Проектна задача

Проектната задача е составен дел од државната матура, училишната матура и завршниот испит.

Проектната задача, како составен дел од државната и училишната матура, претставува проучување на проблем што ученикот го избира од некој (некои) од наставните предмети или пошироко од образовните области.

Проектната задача, како составен дел од завршниот испит, служи за проверка на практичната оспособеност на ученикот за вршење на работи од областа на струката.

Сите информации околу полагањата за државна матура и завршен испит можете да ги погледнете на

http://matura.gov.mk/