Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/gorginaumov/www/www/wp-content/plugins/cross-linker/crosslink.php on line 388
Кодекс – Page 3 – СОТУ "Ѓорѓи Наумов"

Кодекс

2. ОДНЕСУВАЊЕ НА ПРОФЕСОРИТЕ И ОСТАНАТИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО УЧИЛИШТЕТО

◊       СПРЕМА УЧЕНИЦИТЕ

Професорите и останатите вработени ќе:

o       го почитуваат ученикот како личност;

o       обезбедат интерактивна настава;

o       се однесуваат подеднакво кон сите ученици, без обзир на разликите во знаењето, способностите или социјалната положба;

o       ги оценуваат учениците праведно, според знаењето и залагањето;

o       им излегуваат во пресрет на учениците, ќе ја уважуваат нивната индивидуалност, нивните потреби и нивните проблеми;

o       создадат пријатно и безбедно училишно опкружување.

◊       СПРЕМА ДРУГИТЕ ПРОФЕСОРИ И ВРАБОТЕНИ ВО УЧИЛИШТЕТО

Професорите и останатите вработени ќе:

o       ја почитуваат личноста на другите колеги и вработени;

o       ги уважуваат другите наставни предмети и другите работни задачи, како и различното мислење;

o       бидат несебични во соработката со колегите;

o       бидат одговорни за својата работа;

o       дадат личен придонес во создавањето на пријатен амбиент во колективот.

◊       СПРЕМА РОДИТЕЛИТЕ

Професорите и останатите вработени ќе:

o       ја почитуваат личноста на родителот;

o       им пружат стручна помош на родителите во процесот на воспитување и образование на нивните деца;

o       се трудат да воспостават пријателски и доверлив однос со родителите.