Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/gorginaumov/www/www/wp-content/plugins/cross-linker/crosslink.php on line 388
Кодекс – Page 2 – СОТУ "Ѓорѓи Наумов"

Кодекс

1. ОДНЕСУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

◊      СПРЕМА ПРОФЕСОРИТЕ И ОСТАНАТИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО УЧИЛИШТЕТО

Учениците ќе:

o       ги почитуваат професорите и останатите вработени во училиштето;

o       бидат одговорни во својата работа;

o       бидат вистинољубиви, праведни и добри;

o       го чуваат училишниот имот и околината;

o       се потрудат да остават свој белег на училиштето за да го чувствуваат како свој втор дом.

◊       КОН ДРУГИТЕ УЧЕНИЦИ

Учениците ќе:

o       ги почитуваат другите ученици;

o       избегуваат потценување, исмејување и озборување;

o       бидат праведни, ќе соработуваат и меѓусебно ќе се помагаат;

o       бидат ненасилни.

◊       КОН РОДИТЕЛИТЕ

Учениците ќе:

o       ги почитуваат родителите;

o       ги слушаат ставовите на родителите и за нив ќе размислуваат критички;

o       бидат искрени кон родителите.