Кодекс

 

Кодексот на СОТУ „Ѓорѓи Наумов„ претставува резултат на волјата, соработката, договарањето и желбите на сите вклучени во воспитно образовниот процес на училиштето, со цел да се подигнат меѓусебните односи на што повисоко ниво на соработка; меѓусебното почитување и уважување; почитувањето на законите, на декларациите за човековите права и правата на детето.

Училиштето ги цени сите учесници во воспитно-образовната работа и знае дека може да биде успешно само ако има мотивирани и вредни луѓе кои имаат право и должност да го искористат своето знаење, способностите и интересите, кои се вклучени во работата и развојот на училиштето, прифаќајки го при тоа својот дел од одговорноста.

Секој облик на дискриминација во училиштето и надвор од него е неприфатлив.

Крајна цел на спроведувањето на кодексот е:

o       поттикнување на вербата во етичките вредности кај сите учесници во работата на училиштето како неизбежни фактори за постигнување успех;

o       поттикнување на сите учесници во работата на ова училиште да се однесуваат според етичките начела;

o       создавање околина во која сите учесници во воспитно-образовната работа ќе се чуствуваат добро и ќе бидат горди со себе и со училиштето;

o       градење на препознатливост на училиштето, како институција во која се почитуваат етичките вредности.

Сите учесници во воспитно-образовната работа ќе се запознаат со одредбите на Кодексот, ќе ги почитуваат и применуваат неговите начела

Pages: 1 2 3 4