Обуки

На 15.03.2011, согласно „АКТИВНИТЕ ПРОГРАМИ/МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА 2011 ГОДИНА“ на ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, во нашето училиште, започна обука за „Електроинсталатер и електромонтер за станбени објекти“.Овие обуки се резултат на содејство со Министерството за Труд и Социјална Политика,  Министерството за Образование и Наука,  Центарот за Стручно Образование и Обука,  Центарот за Образование на Возрасни и  УНДП, како и  Агенцијата за вработување на Република Македонија.Директна соработка преку потпишување договор остварена е со Центарот за вработување – Битола. Учесниците на обуките, може истите да ги следат On-Line на линкот http://e-learning.gorginaumov.edu.mk и од таму да ги преземат предавањата и вежбите по Основи на Електротехника (откако ќе се најават во e-Learning).