Работата го краси човекот. Оној кој уште од средношколските денови вложува во себе, добива драгоцено искуство кое ќе му помогне да најде вработување или подобра работа.
Во нашето училиште и оваа година Кариерниот центар работеше со полна пареа. Овој центар има цел и кај нас да ги наметне сите нови европски активности. Кариерниот центар е отворен за сите млади луѓе кои сакаат да станат дел од низата активности, создавајќи насока на размислување која се движи според сите европски стандарди.
Оваа учебна година се реализираат обуки за активно барање на работа, пишување на професионална биографија и мотивирачко писмо и интервју за работа.
Постојаното барање на работа е единствениот пат по кој полесно можеме да стигнеме до конечната дестинација- нашето долго посакувано работно место. Но самото стигнување до огласот за работа не значи и нејзино добивање. На овие обуки, ние покажавме колку многу убедливата и добра професинална биографија може да ни помогне да стигнеме и до последниот чекор- интервју за работа.
Дел од обуките посветивме и на волонтирањето како еден битен сегмент во кој се истакнуваме дека сме личности кои работат со љубов, волја и интерес а воедно и инвестираат во својата иднина.
Одржувањето на овие обуки е од голема важнот, бидејќи учениците се запознаваат со процесот на добивање на работа и стануваат подготвени за своето идно вработувањеи и градење на успешна кариера .
Обуките се реализираат од наставникот и учениците одговорни за Кариерниот центар. Учениците кои ги држат обуките се побогати со уште едно искуство, пренесувајќи го своето стекнато знаење на други ученици кои треба да го продолжат нивното работење.