Ученичка заедница/Младинска организација


Изработила: Јована Илиовска

Ученичката заедница/Младинската организација од нашето училиште работи континуирано повеќе години, вклучена е во повеќе проекти реализирани во соработка со локалната средини, но и пошироко. Во младинската организација се вклучени ученици од сите класови и години во училиштето и секоја година се вклучуваат нови ученици. Координатори се професорките Марија Колевска и Александра Колевска.
Членовите на младинската организација активно учествуваат во воннаставни активности, проектни активности со партнерски училишта, организирање на хуманитарни акции во соработка со Општинската организација на Црвениот крст, приредби, бројни манифестации подготвени по повод патрониот празник на училиштето и слично. Исто така, од оваа организација произлегуваат и разни ученички иницијативи за подобрување на секојдневието во училиштето, како и одбележување на значајни датуми. Во програмата на младинската организација е предвидено и учество на учениците на разни обуки, трибини и дебати.

Членовите на младинската организација од завршните класови се вклучени во организација на матурската забава, почитувајќи и споделувајќи го мислењето и ставот на соучениците. Матурантите самостојно одлучуваат при изборот на сите субјекти кои се составен дел на матурската вечер.

Честитки за 8ми март изработени од ученици