Врз основа на завршената самоевалуација на Училиштето, се донесе Развоен план за следните две години. Ќе се обидеме и во изработка на долгорочен план за период од 5 до 7 години.
Поддршката на учениците – спортисти ќе се потрудиме да стане обележје на Училиштето.
Посебно внимание ќе се обрне на професионалниот развој на сите вработени, а за нововработените ќе се организираат интерни обуки.
Во целокупната работа на наставниците и стручните соработници со учениците, ќе се акцентира воспитната компонента.
Ќе се засили соработката со државните агенции и дирекции и со граѓанските здруженија.
Развоен план 2017-2021 год.