Настава

 

Редовна настава

Со редовна настава се реализираат наставни планови и програми за тригодишно и четиригодишно образование, а наставата се одвива во две смени.

–  Дополнителна настава

Имајќи го во вид искуството од организирање и реализирање на дополнителната настава од минатите години како и резултатите од ваквиот начин на помош на учениците и оваа година ќе се реализира и за тоа ќе се води посебна евиденција.

– Подготвителна и консултативна настава

Подготвителната и консултативната настава ќе се организира како форма за укажување  помош на учениците пред сесиите за полагање на поправните испити, како и пред сесиите за полагање на завршните испити и државната матура. Вака организирана настава ќе се изведува и за вонредните ученици.

– Додатна настава

Додатната настава се организира со цел учениците да ги продлабочат знаењата од одредени области за кои  ќе покажат интерес, а ќе се организира по потреба.

– Планирање на наставата

Сите предметни наставници се должни до 15.09.2010 година да ги достават новите годишни глобални и првите тематски планови. Исто така, секој од нив треба да поседува дневна подготовка за реализација на наставниот час што ќе биде предмет на систематско анализирање и вреднување.

Класните раководители и педагошко-психолошката служба  се задолжуваат според дадените насоки да изготват годишна програма за работа на класен час.

– Практична настава

Практичната настава се реализира во работилниците, кабинетите и лабораториите  на Училиштето, како и во занаетчиски дуќани, фирми и претпријатија со кои училиштето соработува.