Драмска секција

Драмската, литературно-рецитаторската и новинарската секција со својата активна работа ја продолжуваат долгогодишната традиција, надополнувајќи се една со друга во своите активности.

Активностите на споменатите секции се насочени кон одбележување на сите значајни манифестации во Училиштето или во пошироката средина. Нивната работа е насочена кон негувањето на нашето национално литературно и културно богатство, но и на светското, кон развојот на креативноста, изградувањето култура на усниот и писмениот говор, кон развој на творечката активност.

Учениците од овие секции, заедно со членовите на Младинската организација на нашето училиште, се носители на културно-забавниот живот во Училиштето.