Доделени првите сертификати за завршен испит по германски стандарди на ученици од профилот ,,Техничар за индустриска мехатроника”

Од 25-26 Октомври 2023 година се одржа SUBEX – Suppliers Balkan Expo во Скопје каде каде една од главните теми е дуалното средно стручно образование. На настанот учествуваа в.д. Директор д-р Жанета Сервини и професорите Наташа Младеновска – Лазаревска и Тони Панов.

На овој настан на 6 ученици од нашето училиште кои матурираа во 2022/2023 година во профилот ,,Техничар за индустриска мехатроника им беа доделени сертификати за завршен испит по германски стандарди. Честитки за учениците:

  • Филип           Дуковски
  • Бојана           Крстевска
  • Виктор          Лозановски
  • Благојче       Петревски
  • Никола          Петровски
  • Дарко            Талевски 

При тоа им беа доделени награди во вид на ранци и на 14 ученици од I година кои се дел од новата генерација ,,Техничар за индустриска мехатроника”