Обраќање по повод почетокот на учебната 2023/2024 година

Драги ученици, почитувани родители,

Големо е задоволството да ви се обратиме по повод почетокот на новата учебна 2023/2024 година, уште повеќе што денес сме исправени пред новите општествено- образовни предизвици, кои заеднички ќе ги совладуваме во периодот што следи и што ќе бидат заокружени со четиригодишното траење на образованието на нашите драги ученици.
Она што особено ни влева самодоверба и нѐ поттикнува на патот на совладување на различните препреки, тоа се радоста, љубопитноста и ентузијазмот што се читаат на лицата на нашите ученици, собрани во училишниот двор денес, пред да заѕвони првото училишно ѕвонче, во очекување на првиот училиштен час. Силно веруваме дека вашите очекувања ќе се реализираат, зашто сите ние, вработените во ова училиште, менаџментот, професорите, стручните соработници, работиме и соработуваме со една единствена цел: здрава, безбедна и перспективна воспитно- образовна средина и окружување. Средина што ќе исфрли на површина ученици, кои утре другиден ќе бидат препознатливи по својот професионален квалитет и можности, како во потесното така и во поширокото општествено и работно окружување, но пред сѐ ќе бидат препознатливи по својата чесност, работливост и придонес за своите сограѓани и за просперитетот на својата земја.
Во име на ваквите заеднички заложби, ви го честитаме почетокот на новата учебна година и ви посакуваме среќа и успех во вашето чекорење низ училишните клупи во периодот што следи.

Вработените во СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов”- Битола