Уште едно прво место на натпреварот „Развојни Микропроцесорски Системи“

Компанијата Логинг Електроникс https://www.loging.mk/ и Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје (ФЕИТ – ФАБЛАБ) https://feit.ukim.edu.mk/ на 15 и 16 мај 2023 год. по четврт пат го реализираа нивниот проект „Технологија за Тебе“.
Првиот ден на натпреварот „Развојни Микропроцесорски Системи“ нашиот тим од матурантите Христијан Николовски и Петар Божиновски го освоија првото место под менторство на професорот Душан Стојковиќ, и тоа во конуренција на најсолидните ученици од 11-те најдобри средни електро-технички училишта во Републиката за што им беа доделени Микрокомпјутери Raspberry Pi 400 Kit.

Петар и Христијан го повторија успехот на Бобан Бошевски и Дамјан Велјановски од претходната година, кои исто така на овој натпревар го освоија првото место под менторство на професорите Јани Сервини и повторно Душан Стојковиќ.

Во рамките на овој партнерски проект, за сите ученици и наставници, беше одржана и специјализирана едукативна практична работилница на која присуствуваа професорката Марија Поповски како втор ментор и професорот Борче Пашоски.

Натпреварот и работилницата се одржаа во новоотворената лабораторија на факултетот, ФЕИТ-ФАБЛАБ која е опремена со најсовремени инструменти и програмабилни системи.

Институтот за Електроника во рамките на Факултетот за 6-те ученици од тимовите кои ги освоија за првите три места им додели стипендии за насоката Компјутерско хардверско инженерство и електроника. Покрај тоа, учениците од сите 11 училишта добија сертификати и ваучери за тримесечна платена пракса во компанијата Логинг Електроникс.

На учениците во иднина им посакуваме уште поголеми успеси.