Соработка со софтверската компанија Cosmic Development.
Уште една успешно реализирана соработка на учениците од СОТУ “Ѓорѓи Наумов” – Битола со софтверската компанија Cosmic Development.
Учениците во текот на цела учебна година ја посетуваа оваа компанијата во која ги упати професорката Марија Колевска од СОТУ “Ѓорѓи Наумов”, а под менторство на Драган Беговски од Cosmic Development учениците успешно ги изработија своите проекти кои на крајот од школската година имаа можност да ги презентираат пред останатите, а на крај за тоа добија сертификати кои се признати понатаму.
Соработката со оваа компанија, како и соработките со многу други фирми во текот на учебната 2022/2023 кои ги остварува нашето училиште се во склоп на предметот “учење преку работа”, каде учениците имаат можност директно да бидат вклучени во реални компании и да бидат дел од нив. Ова е една нова концепција и можност за учениците да добијат појасна слика и од блиску да видат како и што се работи во фирмите кои се во склоп на нивните профили.


