Со зелена екогерила до разубавување на внатрешниот двор на СОТУ,,Ѓорѓи Наумов”-Битола

Општествената одговорност, како исклучително значајна компонента во унапредувањето на животната средина, се покажа на дело и овојпат, преку материјална поддршка што во вид на зелени и цветни садници, ЈКП- Битола му ја обезбеди на СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов”- Битола.

 Всушност, главните иницијатори на екогерилата за зелено разубавување на Училиштето, се учениците од Ученичката заедница на СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов”- Битола, кои предводени од нашиот стручен соработник- социолог, Виолета Николова, не само што ја развија идејата, туку и практично ја реализираа, засадувајќи ги во внатрешниот двор на Училиштето.

Ова е уште една од низата активности кои во насока на континуиран и одржлив развој на нашето училиште, се преземаат со цел подобрување на условите за учење, работа и престој на учениците и вработените во училишната средина и окружување. Зачестеното делување од ваква природа, е многу значајно за училиштето, придобивките се видливи, а пред сѐ се подигнува свеста на учениците за одговорно однесување, во духот на еколошкото делување, но и развојот на социјалните вештини и размислување со ‘отворен ум’.