Учество на натпревар организиран од Црвен Крст

На 25 мај 2023 година, СОТУ “Ѓорѓи Наумов” – Битола се вклучи во натпревар организиран од Црвен Крст. Ученици од втора година беа учесници на овој настан, со цел да ги развијат нивните вештини во прва помош. Овој настан нè потсети за значењето на прва помош и нашиот потенцијал да бидеме корисни во спасувањето на животи. Голем број волонтери од Црвен Крст им помогнаа на учениците да се справат со “реални” сценарија, вклучувајќи повреди, изгореници и други несреќи. Учесниците беа предизвикани да ја покажат потребната помош за секоја од различните ситуации. Со гордост и исполнети со желба за учење и надминување на предизвиците, следните ученици од втора година беа дел од нашиот тим: Антонио Кулевски, Андреј Стисниовски и Андреј Петровски од II-4 Ива Симоновска од II-6 Борјан Ристески и Горјан Ристевски од II-7 Секој ученик имајќи ја можноста да се справи со реални ситуации и да го покаже своето знаење во прва помош, го докажа својот потенцијал да биде корисен и да им помогне на другите во случај на потреба за помош. Со огромна благодарност кон Црвен Крст за овој настан и сите волонтери што го овозможија, ние продолжуваме да го негуваме и развиваме своето разбирање за хуманитарноста и да бидеме подготвени да помогнеме на луѓето околу нас.