Говорот на омраза на социјалните медиуми

На 18 мај 2023  г.  во СОТУ „Ѓорѓи  Наумов“ се одржа работилница на тема „Говорот на омраза на социјалните медиуми“ со која беа опфатени ученици од втора година.

Целта на оваа работилница е да се подигне свеста за говорот на омраза како важен проблем на денешницата. Учениците имаа можност да се запознаат со последиците и начините за справување со ваквите негативни форми на комуникација. На крајот на работилницата испратија свои креативни пораки со кои ги изразија своите ставови за оваа тема.

Работилницата е резултат на заедничката соработка меѓу стручните соработници во Училиштето – Виолета Николова и Дејан Патрногиќ и професорката по македонски јазик и литература Билјана Маринова.

Еден лош збор навидум не значи ништо, но за некого значи живот.