Благодарност до г-ѓицата Александра Шијаковска

Проф. Цана Наумовска, во име на СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов”- Битола, ја искажува својата голема благодарност до г-ѓицата Александра Шијаковска, која и овојпат како и повеќепати досега по различни поводи, реализира симболична, но за нашите матуранти значајна материјална донација, имајќи ги во предвид општествените и економски прилики во кои сите денес живееме. Нејзиното внимание ни ја стопли душата, па ѝ возвраќаме со љубов посакувајќи меѓусебната соработка да стане траен белег на хуманоста, пријателството и човечката емпатија.

СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов”- Битола