Предизвик за претприемништво за зелени технологии

Во периодот од 17.9.2022 година до 17.11.2022 година, СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов“- Битола, беше учесник во проектот ,,Предизвик за претприемништво за зелени технологии“ како партнер- училиште во проектните активности чиишто имплементатор беше ,,Стартап Македонија”. Двете потписнички страни на меморандумот за соработка, Училиштето и Имплементаторот на проектот, вложија заеднички напори во организацијата и спроведувањето на ученичкиот едукативен натпревар за претприемништво ,,Green Tech Entrepreneurship Challenge“, во кој учество зедоа дваесет ученици од Училиштето под менторство на проф. Наташа Младеновска- Лазаревска и проф. Ана Данчевска- Јаневска. Натпреварот на локално ниво беше одржан на 14.11.2022 година, а победник беше  PAPEROPS- групата од СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов”- Битола, во состав: Тамара Ѓелевска, Марија Василевска, Теодора Гиновска, Петар Божиновски и Михаил Стојановски од IV-4 клас. Тие зедоа учество на републичкиот натпревар што се одржа во Скопје, на 17.11.2022 година и во конкуренција на други средношколци од средни стручни училишта во Македонија, оставија силен впечаток со својот идеен проект ,,Paperops“ насочен кон заштита на животната средина, обезбедувајќи простор за иден натамошен ангажман и соработка со ,,Стартап Македонија“.