Прво место на натпреварот ,,Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2023”

Нашиот тим EKOLINK-3D Factory го освои првото место на државниот натпревар за средни училишта на натпреварот ,,Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2023” кој се одржа на 13.05.2023 година, на Машински факултет – Скопје со почеток во 11:30.

Натпреварот е поддржан од Македонија 2025, Машински факултет – Скопје, Халк банка, Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење и МАНУ.