Второ место на државните натпревари во фудбал за СОТУ “Ѓорѓи Наумов“
Денес, на стадионот “Павел Шатев“ во Битола се одиграа Државни натпревари во фудбал во машка конкуренција средни училишта, кои ги организира Општинскиот училишен сојуз на Битола, а во завршницата играа четири екипи, кои играа полуфинални натпревари и натпревари за пласман.
Учесниците на државните натпревари во фудбал во машка конкуренција на средни училишта во име на Општина Битола како домаќин ги поздрави заменик градоначалникот на Битола – Бојан Бојковски, кои на сите им посака успешно натпреварување и убав престој во Битола.
Победник на дешниот турнур и воедно Државен првак е екипата на СОУ “Наил Фрашери“ од Куманово, а на второ место се пласира “домаќинот“ екипата на СОТУ “Ѓорѓи Наумов“ од Битола. Честитки!!!
Преземено од BitolaNews