Panda Labs Junior за праведна транзиција

Преку соработка и создадени партнерства, Junior Achivment Macedonia е вклучен во нов двегодишен проект, кој ќе го примени пристапот на Panda Labs во имплементацијата на наменски интервенции во клучните региони со јаглен во Бугарија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Главната цел на Panda Labs Junior за праведна транзиција е да ја промовира обновливата енергија, енергетската ефикасност, циркуларната економија и решенија за климатска адаптација и ублажување (митигација).
Со таа цел, седум ученици од нашето училиште учествуваа на Хакатон натпревари кои се одржаа од 10.04.2023 до 12..04.2023 година во хотел Бисер, Струга. Благодарност до нашите ученици кои достоинствено го претставија училиштето.