3 трети места на XXXI Регионален натпревар по Информатика 2023

На 11.03.2023 со почеток во 12:00 часот во просториите на нашето училиште СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов” се одржа XXXI Регионален натпревар по Информатика. Натпреварите во рамките на овогодишниот циклус натпревари по Информатика (регионален, државен) се спроведуваат преку системот МЕНДО, кој може да се пристапи на mendo.mk. Над 40 ученици ги покажаа своите програмерски способности во три одлично опремени компјутерски кабинети. Натпреварот помина во одлична атмосфера и без никакви проблеми. Од нашето училиште имавме 5 натпреварувачи: Христијан Николовски (III место) и Петар Божиновски од IV година, Дарко Кочовски од III година и Христијан Захарчев (III место) и Бобан Кузмановски (III место) од II година, сите под менторство на професорот Андреја Ралевски. Им посакуваме многу успех и пласман на Државниот натпревар.