РЕЗУЛТАТИ ОД РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР МАТЕМАТИКА 2023

На 4.03.2023 година се одржа Регионалниот натпревар по математика, во Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, а во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Од сите средни училишта од регионот, учествуваа вкупно 45 ученици, а 7 од нив беа од нашето училиште и ги повторија одличните резултати од општинскиот натпревар.

Христијан Николовски – IV година, ментор Цана Наумовска, I награда.
Давид Бошевски – III година, ментор Лидија Стефановска, учество.
Христијан Захарчев – II година, ментор Наташа Петровска, II награда.
Никола Алексовски – II година, ментор Елена Петковска, пофалница.
Михаил Наумовски – II година, ментор Наташа Петровска, пофалница.
Синиша Милков – II година, ментор Елена Петковска, учество.
Јован Најдановски – I година, ментор Роза Петровска, III награда.

3 ученици се пласираа за учество на државниот натпревар по математика кој ќе се одржи на почетокот на месец април. Им посакуваме да го подобрат или барем да го повторат успехот од општинските и регионалните натпревари.