ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ НА ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР МАТЕМАТИКА

На 4.02.2023 година се одржа Општинскиот натпревар по математика, во С О У Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола, а во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Од сите средни училишта од Битола, учествуваа вкупно 24 ученици, а 11 од нив беа од нашето училиште.
Јован Најдановски од прва година освои III награда, под менторство на професорката Роза Петровска.
Од втора година ученикот Христијан Захарчев освои II награда, а ученикот Михаил Наумовски III награда, под менторство на професорката Наташа Петровска. III награда освоија и учениците Синиша Милков и Никола Алексовски исто така од втора година, под менторство на Елена Петковска.
Од трета година ученикот Давид Бошевски освои пофалница, а учествуваше и ученикот Димитар Ристевски, под менторство на професорката Лидија Стефановска.
Од четврта година ученикот Христијан Николовски освои II награда, а учествуваше и Тамара Ѓелевска, под менторство на професорката Цана Наумовска.
Најмалку 6 ученици се пласираа за учество на регионалниот натпревар по математика кој ќе се одржи во месец март. Им посакуваме многу успех.