Саем за вработување, практиканство и стипендии

На 14.12.2022г. На Техничкиот факултет во Битола се одржа Првиот Саем за вработување, практиканство и стипендии, како мост за поврзување на компаниите од регионот со студентите – идни инженери. На настанот свои штандови имаа над 20 компании кои ја презентираа својата дејност, а посебен штанд имаше и нашето училиште СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов” каде беа претставени машинската и електротехничката струка. На својот штанд учениците Христијан Николовски и Ева Ацевска како дел од тимот 3D Factory (едни од победниците на Балкатон 3) ја претставија својата иновација, машина за рециклирање на пластика, која ја изработуваат со поддршка на Regional Cooperation Council (RCC) кофинансиран од Европската Унија.