Обука на тема „Системи за еколошки чист мотор и нивно одржување“

На 24, 25 и 26 ноември со поддршка на швајцарската организација „Хелветас“, во нашето училиште се одржа обука на тема „Системи за еколошки чист мотор и нивно одржување“. Посетители на обуката беа наши колеги од Регионалниот Центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ од Тетово, а теоретскиот дел од обуката го спроведе тим од професори од машинскиот сектор во состав: Петар Бошковски, Љупчо Здравковски и Ѓеорги Ташковски. Практичниот дел се одржа во реномираната компанија СН-Сообраќаен Центар- Битола. Се надеваме и во иднина да го градиме рејтингот на училиштето со организација на слични обуки. Гостите од Тетово не го криеа задоволството, што нам нѝ беше особено драго.