Професори од средни стручни училишта во Битола и Тетово во посета на СН Сообраќајниот центар

БИТОЛА ИНФОПрофесори од средни стручни училишта во Битола и Тетово во посета на СН Сообраќајниот центар
Објавено на 28/11/2022
Професори од средни стручни училишта во Битола и Тетово го посетија СН Сообраќајниот центар во Битола како дел од стручна обука поддржана од швајцарската фондација Хелветас, на тема „Системи за еколошки чисти мотори и нивно одржување“.
Обуката беше организирана преку тридневна стручна едукативна програма, при што теоретскиот дел се одвиваше во СОТУ „Ѓорги Наумов“ во Битола, додека во СН Сообраќајниот центар беше организирана презентација како дел од практичниот дел на обуката.

Посетителите имаа можност да се запознаат со сите содржини на СН Сообраќајниот Центар, кој обединува спектар на различни услуги кои се меѓусебно поврзани со цел да им се олеснат сите потребни процеси на граѓаните за одржување и грижа на моторните возила. Една единствена локација за да се завршат сите потребни формалности.

„Тие имаа прилика да видат како функционира СН Сообраќајниот центар, пред се од аспект на системите за еколошки чисти мотори и нивно одржување, но имаа можност и да видат како сме организационо поставени, кои работи ги покриваме и услуги кои ги нудиме. Имаа можност да видат како тече процесот на проверка на возилата. Имено, тука граѓаните можат да ги добијат сите услуги поврзани со комплетна регистрација на моторни возила и автомеханичарски сервис, хомологација, А-тест од сите типови, потврда за исполнување на техничко-експлоатациони услови (ПТЕУ), издавање меѓународни патни документи, ЦЕМТ, надоместок за јавни патишта, зелен картон и сите видови осигурување и полиси преку СН Осигурителен брокер.“-изјави Владо Петроски, раководител на Техничкиот преглед во СН Сообраќајниот центар.

Воедно, на располагање се и референт на МВР, Македонска Пошта, Тобако, како и најмодерна перална на возила и современ ресторан. Во центарот се врши и продажба, промена и монтажа на пневматици од врвните светски брендови од типот на Tigar, BF Goodrich, DAYTON, BRIDGESTONE и MICHELIN.

Преземено од setaliste.com.mk