ДЕМАНТ на информацијата проследена на ТВ Телма на 29.10.2022

Во врска со вчерашната информација проследена на ТВ Телма и на неколку други медиуми, бараме од нив денеска да се објави нашиот демант на таа информација. Исто така бараме информацијата од нивната веб страна веднаш да биде повлечена и да биде објавен овој наш демант.
Имено, категорично ги отфрламе дезинформациите за присуство на ученици од техничкото училиште од Битола во Бугарија. Ја отфрламе поврзаноста со учениците, спомнати во веста. Во Софија бевме отидени јас и заменикот директор Здравковски Љупчо за да воспоставиме Еразмус + соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта.
Со дадената непроверена информација направена е шпекулација со која е нарушен нашиот углед и угледот на училиштето.
Барам од вас и од сите други медиуми да ја повлечат лажната вест и да ја пренесат вистинската информација во интерес на објективноста на информирањето и чувањето на угледот на новинарската професија која во голема мера го креира јавното мислење. Доколку не се повлече веста, ќе ги преземеме сите располoжливи мерки за спречување на нанесувањето штета на мојот углед, на угледот на училиштето и на заменик директорот, како и за спречување на лажно информирање.

Битола,30.10.2022
в.д. директор
Жанета Сервини