Просветен работник за 2021/2022 година

СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов”, по повод 5 Октомври, Светскиот ден на учителот им го честита празникот на сите просветни работници.
Оваа година Сојузот на просветни работници на Македонија, во ОУ Киро Глигоров– Скопје како домаќин ги додели наградите на најдобрите просветни работници за 2021/2022 учебна година. На оваа свеченост, покрај претседателот на Сојузот на просветни работници Лидија Николовска-Георгиевска и членовите на комисијата, присуствуваа и Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски каде им ги доделија наградите на најуспешните учители.
Во категоријата просветен работник на годината за средни училишта беше прогласен наставникот Ацевски Илче од нашето училиште СОТУ “Ѓорѓи Наумов” – Битола, што за нас претставува големо задоволство, чест и обврска кон нашите сегашни и идни генерации.