Нашите ученици, победници на Balkathon 3.0

Balkathon 3.0 е регионален хакатон натпревар кој ги поканува заинтересираните млади луѓе, старт-ап, претприемачи, студенти, центри за дигитални иновации, научни паркови, универзитети, мали и средни претпријатија итн. од сите економии од Западен Балкан да предложат и развијат иновативни дигитални решенија како одговор на предизвиците. на нашиот секојдневен живот.Натпреварот беше организиран во 6 категории:
-здравје,
-земјоделство,
-транспорт,
-енергија,
-обновливи извори и
-заштита на животната средина.
Пријавувањето беше од 6 мај – 15 јули 2022, а нашите ученици се пријавија во областите “заштита на животната средина”. На натпреварот беа пријавени 60 тимови во сите области, од кои на 29 јули 2022 беа селектирани 37 тимови кои имаа дводневна работилница со 18 ментори, пред да ги достават своите конечни идеи. По оценувањето од 8 члена комисија, беа избрани 12 финалисти. Во финалето, кое се одржа во Приштина на 05-06 септември 2022 година, во јака конкуренција тимот од наши ученици добро ја претстави Македонија и беше прогласен за победник во областа “заштита на животната средина”.
Голема благодарност до Александар Филиповски, директор на YES фондацијата кој многу им помогна преку акцелераторската програма ,,Зелена Транзиција” каде активно се вклучени од средината на Јули.

Честитки за Христијан, Бобан,Ева и Ана како дел од тимот 3D Factory. Им посакуваме и понатамошни успеси!