Второ место на натпреварот „Најдобар бизнис концепт – 2022“

Честитки за нашиот тим од СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов” кој го освои второто место во мошне голема конкуренција од 16те најдобри тимови (по претходна предселекција од голем број тимови), избрани од сите државни и приватни средни училишта во државата во финалниот натпревар за „Најдобар бизнис концепт 2022“, чии организатори се Центарот за развој на нови бизниси, Фондацијата Македонија 2025 и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ). Натпреварот се одржа при Машинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Браво за Бобан Бошевски, Христијан Николовски и Ева Ацевска!!!