Отворен ден на Училиштето 30.05.2022 год.

Вчера во нашето училиште се одржа Отворен ден на Училиштето за промоција на образовните профили пред уписот во новата учебна година. Во дворот беа поставени штандови со дел од опремата по стручните предмети од машинска и електротехничка струка, како и рекламен материјал за уписот во прва година. Со свои претставници на настанот учествуваа и компаниите Кромберг и Шуберт и ФОД Новаци со кои училиштето реализира дуално стручно образование.
Во рамките на отворениот ден, во посета на училиштето беа претставници од Центарот за стручно образование и обука и Министерството за образование и наука. Тие ги обиколија штандовите и изразија пофални зборови за се што е направено во училиштето во изминатиот период, за реконструктивните зафати, подобрената опременост, за зголемениот број на ученици и воопшто за порастот на рејтингот на нашето училиште.
Остануваме отворени за посета на деветтоодделенците секој работен ден од 7.30 до 15 часот.
Уписот се ближи…Ве очекуваме!