Отворен ден на Училиштето

Во понеделник на 30.05.2022 година од 10 до 15 часот во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ ќе се одржи Отворен ден на училиштето. На настанот ќе ги претставиме образовните профили кои ги нудиме на деветтоодделенците за упис во прва година во учебната 2022/2023 година. На Отворениот ден ќе се промовираат и дел од компаниите со кои училиштето соработува во делот на учење преку работа кај работодавач и дуално стручно образование. Настанот е во организација на Министерството за образование и наука и на истиот ќе присуствува заменик министерот за образование.
Ги покануваме сите заинтересирани ученици, наставници и родители да не посетат и на лице место да се запознаат со просторните капацитети на училиштето и опремата и ресурсите со кои располагаме…Ќе ни биде задоволство во следните четири години да бидете дел од нашата успешна приказна.
Избери паметно, учи стручно!
Ве очекуваме…