Можност за вработување

Компанијата Кромберг и Шуберт со која нашето училиште реализира дуално стручно образование по германски стандард преку образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника нуди можност за вработување. Сите ученици од завршната година кои нема да го продолжат своето образование на факултет можат веднаш да се вработат и да почнат да градат кариера во оваа компанија.