Упис во прва година во учебната 2022/2023 година

СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола ширум ги отвора вратите за идните средношколци. Училиштето нуди образовни профили од машинска и електротехничка струка, квалитетни просторни капацитети за теоретска настава, вежби и практична обука. Одберете го техничкото училиште и стекнете стручно четиригодишно или тригодишно образование. Со нас ќе постигнете одлична основа за продолжување на образованието на факултет, но и за отворање на сопствен бизнис или вработување веднаш по завршувањето на средното образование. 
Сите дополнителни информации можете да ги добиете на телефонскиот број 047 609 708 или повелете во училиштето секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Ученици…изберете паметно, учете стручно!
Ве очекуваме…