Регионален натпревар по англиски јазик

Во саботата на 07.05.2022 година се одржа овогодинешниот Регионален натпревар по англиски јазик. На натпреварот учествуваа двајца претставници од нашето училиште под менторство на професорката Кети Паскова и го постигнаа следниот успех:

  • Јован Илиевски – второ место
  • Стефан Бошевски – трето место

Двајцата ученици се пласираа за учество на државниот натпревар кој ќе се одржи на 28.05.2022 година во Скопје.

Им честитаме на освоените награди и им посакуваме многу успех на државниот натпревар.