Државен натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта

Во петокот на 6-ти мај во ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес се одржаа XXXIX Државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта. На натпреварот учествуваа повеќе наши ученици и постигнаа извонреден успех:
 
– Христијан Николовски, електротехничар за компјутерска техника и автоматика – прво место
 
– Дарко Талевски, техничар за индустриска мехатроника – прво место
 
– Симеон Настевски, електротехничар за електроника и телекомуникации – трето место
 
– Тео Илчески, електротехничар енергетичар – петто место
 
– Бобан Бошевски, Ева Ацевска, Михаил Јанакиевски, натпревар во трудови – второ место
 
– Димитри Ристевски, натпревар во трудови – деветто место
 
Дечки, секоја чест…Ментори, браво…Со ова само потврдувате дека нашето училиште е расадник на талентирани и успешни ученици…БРАВО!