Girls Go Circular

Од средината на овај месец, нашето училиште во соработка со Џуниор Ачивмент Македонија, зеде активно учество во проектот Girls Go Circular кој пред се е наменет за девојчињата од европските земји да станат идни лидери и претприемачи, но е отворен и за секој ученик кој сака да стекне претприемачки вештини. Преку платформата за учење откако ќе се регистрираат, учениците работат индивидуално, но може и во групи со размена на мислења и идеи. Платформата вклучува неколку модули, кои ја истражуваат циркуларната економија од различни агли, притоа користејќи дигитални алатки за да стекнат практични вештини. По успешно завршување на секој модул се добива сертификат кој ги потврдува стекнатите вештини. .
Пред да се премини на некој од главните 8 модули за кои се добива сертификат кој важи во Европската унија, потребно е да се поминат два воведни модули: Introduction to Online Safety and Etiquette (2021) и Introduction to the Circular Economy, по што може да се премини на било кој, или сите модули за кои може да се стекнете со соодветни сертификати: Metals and the Circular Economy, Fashion and the Circular Economy, Rethinking Plastics, A Circular Economy for Smartphones and Electronic Devices, E-waste and the Circular Economy, Robotics and the Circular Economy, Tackling Climate Change Through Circular Consumption и Circular Economy of Food in Cities.