Државен натпревар по математика

Во саботата на 16.04.2022 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа Државниот натпревар по математика за ученици од средно образование. Наш претставник на натпреварот беше Христијан Захарчев, ученик во прва година под менторство на професорката Наташа Петровска. Во мошне силната конкуренција на ученици од стручни училишта, гимназии и приватни училишта од нашата држава, Христијан освои пофалница со што го потврди својот претходен успех на општинскиот и регионалниот натпревар. Браво Христијан, браво за менторот…Имајте уште многу вакви и поголеми успеси во иднина!